Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Папаставру: Во септември, веројатно, ќе се потпишат договори со операторите од Македонија и Србија за учество во Вертикалниот коридор

Во септември многу веројатно е дека ќе бидат потпишани договори со операторите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во септември многу веројатно е дека ќе бидат потпишани договори со операторите од Македонија и Србија за нивно учество во Вертикалниот коридор – откри министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката од Атина.

Папаставру потсети на министерскиот состанок што се одржа на средината на мај во Атина, на кој присуствуваа министрите за енергетика на нашата земја, Србија, Бугарија и домаќинот Грција, кога беше одлучено проширувањето на Вертикалниот коридор.

Но, и на состанокот од 10 јули во Атина на претставниците на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Македонија и Србија, како и компаниите „Гастрејд“ и ИЦГБ, исто така се разговараше за конкретниот коридор.

Реклама

– И Србија и Македонија дојдоа на средбата на министрите што ја одржавме и ја изразија нивната желба да учествуваат. Пред десет дена повторно се сретнавме тука со операторите, а во септември е многу веројатно да бидат потпишани со операторите од Македонија и Србија договори за нивно учество во Вертикалниот коридор – рече Папаставру.

Дополнително, посочи дека Грција веќе е енергетски хаб во регионот објаснувајќи дека порано во земјата доаѓале шест милијарди кубни метри природен гас, сите наменети за потрошувачка, а сега „влегуваат 17 милијарди кубни метри, од кои шест остануваат, а 11 одат нагоре“.

– На тој начин нашата земја ја искористи својата географска положба меѓу континентите и стана геополитичка сила. Тоа нема да се случи преку ноќ, но веќе Вертикалниот коридор е реалност – нагласи грчкиот министер.