Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

Економски раст од над 3 , наместо 1,8 отсто, инфлација од 4,8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економски раст од над 3 , наместо 1,8 отсто, инфлација од 4,8 наспроти 14,2 проценти и јавен долг од 58,9% отсто од БДП. Министерката за финансии со факти за позитивните економски перформанси во две години од функционирањето на владата. Димитриеска Кочоска вели главен приоритет и било стабилизирање на јавните финансии, воведување поголема контрола и спречување на нерегуларностите. Истакна дека МФ вратило 4,4 милијарди евра долгови од претходната влада, а до крајот на годината треба да се отплатат уште речиси милијарда евра. Капиталните инвестиции се реализираат забрзано, а до крајот на годината нема да има нови долгови, туку само задолжување надвор, наместо на домашниот пазар.

„Во периодот што следува ќе продолжиме со фискалната консолидација, со дигитализацијата на јавните финансии, со борбата против сивата економија, со подобрување на даночната администрација, со модернизација на финансискиот систем и со создавање уште подобри услови за домашните и странските инвеститори“ – рече Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Министерката за финансии е задоволна од тоа како се полни државната каса. УЈП наплатила за 14,45 отсто повеќе данок на добивка во првите 6 месеци. Директорката на УЈП вели дека резултатот бил подобрен поради повисоките добивки на фирмите.  Април бил рекорден во 5 години наназад. Наплатата на придонеси била поголема за 7,6 отсто, а повеќе пари се собрале и од ДДВ и данок на личен доход.  

Реклама

Јуни бил рекорден месец за царината. Управата наплатила вкупно 208 милиони евра. Директорот вели дека во 6 месеци биле собрани 50 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Министерката за финансии очекува и поголеми приливи во буџетот од дополнителниот данок за 2024та по воведување на минимален глобален данок. Рокот за пријавувањње е до крајот на годината, а според пријавите досега ќе се наплатат најмалку 14 милиони евра.

Од финансии додаваат дека министерството било главен двигател во исполнувањето на реформската агенда со исполнети 8 од 22 исполнети чекори. Димитриеска Кочоска најави нова анализа на ММФ за стабилноста на пензискиот систем. Напомена дека речиси секогаш тие бараат зголемување на старосната граница за пензионирање, но и тоа дека таа е на ставот да нема промени, освен за оние луѓе кои доброволно сакаат да продолжат да работат и по 62, односно 64 години.