Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Откриени подови и ѕидови од живеалишта, глинени структури, керамички садови и мелници за обработка на жито во Велушка Тумба во Пелагонија

НУ „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НУ „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, заедно со експерти од Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел ги завршија теренските истржувања во арехолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија.

Во текот на истражувањата тимот археолози добија повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата која што ја основала оваа неолитска населба.

Велушка Тумба во Пелагонија функционирала континуирано во текот на неколку  стотици години во почетокот на шестиот милениум п.н.е, односно пред 8000 години. На тој начин, врз старите куќи се граделе нови, со што се формирала тумба висока околу 4 метри. Во овие архитектонски слоеви регистрирани се остатоци од десетина објекти градени еден врз друг, додека во текот на истражувањата се работеше на еден од нив. Притоа, се открија подови и ѕидови од живеалишта, како и глинени структури, керамички садови и мноштво мелници за обработка на житото кое што се одгледувало во нивите крај тумбата, информираа од Центар за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола

Реклама

-Интересен куриозитет за  истражувањата се два специфични контексти од архитектонски и ритуален карактер. Имено, во рамки на Градба 13 се открија две големи неолитски печки за леб, со аплицирани глинени сандаци за мелење на житото и месење на тестото. Со олед на нивните димензии, тие претставуваат едни од најголемите неолитски печки досега откриени во Европа. Поради ваквата ексклузивност, но и поради нивната кршливост, неоподна е нивна конзервација и заштита. Врз едната од овие печки се откри правоаголна структура во чијшто јужен агол било погребано новороденче, положено во превртен сад. Овој обред е мошне редок меѓу неолитските заедници во Европа и има значајна улога во симболичката врска и идентификација меѓу печката, куќата и садот со човечкото тело и животот. Крај печките се открија дваесетина керамички садови користени за готвење и конзумирање на храната, а дел од нив се декорирани со специфични бели орнаменти и имале репрезентативен, односно церемонијален карактер, информираа од битолскиот Музеј.

Раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов и кораководител виш кустос Јасмина Гулевска, додека археоботаничките анализи се во координација меѓу д-р Феран Антолин и д-р Амалиа Сабанов.