Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Општина Ѓорче Петров донесе одлуки за формирање Комисија за процена на штети и доделување хуманитарна помош за Општина Гостивар

Советот на Општина Ѓорче Петров денеска одржа вонредна седница на која биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Ѓорче Петров денеска одржа вонредна седница на која биле донесени одлуки за формирање Комисија за процена на штети и доделување хуманитарна помош за Општина Гостивар.

-Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно евидентирање и изготвување збирен извештај, согласно законските прописи и утврдената методологија. На истата седница, Советот донесе и Одлука за доделување хуманитарна помош во износ од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија – информираат од прес-службата на Општина Ѓорче Петров.

Со овие одлуки, како што посочуваат, Општина Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон навремено справување со последиците од природните непогоди на својата територија, но и кон меѓусебната солидарност и поддршка кога граѓаните во другите општини се соочуваат со сериозни предизвици.

Реклама

-Општина Ѓорче Петров ќе продолжи одговорно да постапува во интерес на граѓаните и да придонесува кон заедничко надминување на последиците од кризни ситуации – се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.