Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, како што соопштија денеска, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар.

Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29.04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар.. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари.

Општина Центар потсетува дека Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен. Граѓаните и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година.

Реклама

За дополнителната опрема се субвенционираат 30 проценти од цената, но најмногу до 1.000 денари.

– Големиот интерес од граѓаните уште еднаш покажува висока свест за одржлива урбана мобилност и користење еколошки начини на превоз – оценува во пишана изјава градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.