Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Општина Охрид: СДСМ остави пустош во Охрид, статусот на УНЕСКО се брани на терен со дела а не со евтин популизам

Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да
чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè
што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност, се наведува во соопштението на Општина Охрид кое МИА го пренесува интегрално.

Како да не беше „вчера“ кога министерот за транспорт од редовите на СДСМ намерно ги криеше во фиока плановите за управување со охридското
крајбрежје? Како да замина во заборавеност времето кога нивната министерка за култура и партиската комисија за УНЕСКО штанцаа
согласности за секакви бизнис-интереси, кочејќи ги истовремено клучните државни проекти од интерес на граѓаните?

Токму благодарение на СДСМ, и на локално и на централно ниво, Охрид беше доведен на раб од бездна. Наместо реални активности, со години добивавме
само празни зборови со кои се покриваше институционалната негрижа. Денес, додека ние искрено и без скриени намери го поправаме тој пустош,
СДСМ продолжува со старата пракса, евтин популизам диктиран од Скопје. Статусот на УНЕСКО се брани со конкретни дела на терен, а не со партиски
соопштенија. Се брани со: Изградба на прочистителната станица во Трпејца; Километри нова фекална канализација во клучните зони,
вклучително Горно и Долно Лакочереј; Стриктно почитување на Планот за управување, со кој за пет години се донесени само три урбанистички
планови (од кои еден за индустриската зона во Лескоец), ставајќи крај на урбанистичкиот хаос.

Реклама

Граѓаните на Охрид имаат одлично паметење. За вашиот „ангажман“, за фиоките во Скопје и за вистинските мотиви на СДСМ, охриѓани веќе во неколку изборни циклуси по ред ви  кажаа  јасно, гласно и неповратно.

Наместо да глумите загриженост, почнете да учите како се работи во интерес на Охрид. На крај за се’ она што не му е јасно на претседателот на ОО СДСМ Охрид, Асен Шајн, го повикуваме на ТВ дуел, на било кој медиум и во било кој
термин, по негова желба, да разјасниме многу работи.