Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Општина Кисела Вода: Еднократна парична помош за граѓаните кои претрпеа поголеми штети од обилните врнежи

– Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани.

Како што се наведува во соопштението од општината, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од важечка лична карта или пасош, фотокопија од трансакциска сметка, фотографии од настанатата штета, како и записник од надлежен орган за претрпената непогода и доказ за сопственост на објектот.

По приемот на барањата, проценка ќе прави посебно формирана Комисија по што ќе се одлучи за одобрување на финансиските средства.

Реклама

– Ги повикуваме граѓаните целокупната документација да ја достават во најбрз можен рок до архивата на Општината, за понатамошно постапување од страна на надлежните служби – посочуваат од Општина Кисела Вода.