Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Општина Карпош и Градежниот факултет ќе соработуваат на стратешки и развојни проекти

Општина Карпош и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува партнерство насочено кон размена на знаења, стручна поддршка и реализација на заеднички проекти.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски.

Како што соопшти Општина Карпош, документот претставува основа за соработка во подготовка на стратешки документи, студии и анализи од областа на градежништвото, геодезијата и геотехничкото инженерство.

Реклама

Соработката предвидува и активности поврзани со практичната настава и професионалниот развој на студентите, можности за нивно стипендирање, како и поддршка при изработка на научни трудови од интерес за општината.

Од Општина Карпош посочуваат дека преку ова партнерство ја потврдуваат својата заложба за соработка со високообразовните институции и за користење на стручната експертиза во креирањето квалитетни решенија насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните.