Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Економија

„Омилената„ компанија на ДУИ, „Арбериа дизајн“  повторно доби 100.000 евра за прославата на годишнината до рамковниот

Омилената фирма на ДУИ повторно ќе се офајди со народни пари . …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Омилената фирма на ДУИ повторно ќе се офајди со народни пари .  Министерството на Артан Груби повторно ја ангажираше  „ Арберија Дизајн “ за да ја организира прославата за годишнината од Рамковниот договор за 100.000 евра, 20 илјади поскапо од лани.

Државата ќе и плати на фирмата речиси 6.000 евра за стихотворба, за спот за песна 4.000 евра, а за промотивно видео за придобивките од Охридскиот договор речиси 6.000 евра. Овие суми се предвидени во два договори за еден ист оглас. Едниот договор е на сума од речиси 30.000 евра, а другиот 70.000 евра .

Арбериа дизајн ќе печатат и промтоивен материјал за обука на млади лидери, а ќе организираат и мултиетнички фестивал во текот на август – септември . Критериум за избор била најниската цена, ама како и за останатите државни тендери и овој пат фирмата е без конкуренција и единствена се пријавила на повикот.  Во последните три месеци, „ Арбериа дизајн“ добива уште четири други јавни набавки , меѓу кои во Министерството за надворешни работи, Државна лотарија и Комисијата за хартии од вредност . И во случајот со Државна лотарија , „ Арбериа Дизајн “ била единствена  што доставила понуда . Договорот е потпишан кон крајот на јуни на вредност од околу 290 илјади евра . И на Бујар Осмни Арберија дизајн му е омилена фирма, министерството за надворешни работи склучило договор за изнајмување на техничка опрема за поддршка на настани за период од една година во вредност од 135 илјади евра . На овој повик се јавиле уште две фирми, а критериумот бил најниската понудена цена.

Реклама

 Арберија Дизајн  набавуваа и сведителства за учениците кои доцнеа минатата година , а се едни од најчестите добавувачи на Министерството за образование во печатење книги и друг училишен материјал .  Фирмата – мајстор за се, беше забележана и на свеченото отворање на табла на коридорите 8 и 10 д . Бината во форма на автопат , и помпезната свеченост на која Груби беше како домаќин ја постави Aрбериа.

Колку ова чинеше сеуште не дознавме , ама Владата тврдеа дека платиле  „ Бехтел и Енка’. Од Министерството на Груби, компанијата од Тетово само во 2022 година доби над 9 милиони денари за три договори .  156 илјади евра државни пари минатата година биле исплатени за  Денот на албанската азбука и за одбележување на годишнината од рамковниот договор , стои на сајтот на јавни набавки.

Кристина Алексиеска