Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Одржана првата седница на Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуше

Во просториите на Општина Маврово и Ростуше денеска се одржа првата седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Маврово и Ростуше денеска се одржа првата седница на Локалниот совет за превенција, со која претседаваше градоначалникот Онер Јакупоски, во својство на претседател на советот.  
 
На состанокот учествуваа и претседателите на месните заедници од Долно реканскиот крај, со цел заеднички и координирано да се делува пред почетокот на летната сезона. 
 
-Главна точка на дневниот ред беше деталната анализа на општата безбедносна состојба во регионот. Особено внимание беше посветено на состојбата со пожарите во долно реканскиот дел, како еден од најкритичните ризици во овој период од годината. При тоа беа дискутирани сите потенцијални предизвици со кои локалната заедница може да се соочи за време на претстојната летна сезона, информираше Фикрет Ибраими, одговорен на секторот за односи со јавноста. 
 
Додаде дека со цел зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајниот метеж, на седницата беа донесени одлуки за времено регулирање на летниот режим на сообраќај во дел од населените долно рекански села, каде што фреквенцијата на возила е значително зголемена во овој период, кога во родниот крај престојуваат иселениците.

Паралелно со ова, членовите на советот разгледаа и други тековни теми и прашања од директен интерес за секојдневниот живот на локалното население.

Локалниот совет за превенција наредната недела ќе одржи уште еден состанок на истите теми, на кој ќе присуствуваат претседателите на месните заедници од Мавровскиот регион, со што целосно ќе се заокружи планот за безбедно и мирно лето во целата општина.