Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане гледаше во таван – почна судењето

Случајот што ја потресе јавноста добива судска разврска. Во Основниот суд во…

Сподели:
Screenshot

Случајот што ја потресе јавноста добива судска разврска. Во Основниот суд во Куманово започна постапката против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за серија тешки кривични дела, меѓу кои пет убиства и два обида за убиство.

Во судницата беше спроведен со лисици, а додека медиумите го снимаа се клацкаше на столицата и гледаше кон плафонот, без да реагира на присуството на јавноста.

Тој е обвинет за серија тешки кривични дела – пет убиства и два обида за убиство.

Реклама

Адвокатот Драган Трајковиќ кој му беше бранител на обвинетиот, го откажа полномошното, затоа што Бојковски не го послушал и не признал вина.

Последниот случај, според Обвинителството, е од 9 февруари годинава, кога во Челопек повторно се обидел да лиши од живот жена, но се откажал и побегнал откако слушнал звук.

Обвинителството тврди дека жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени, нападнати во нивните домови во селата Клечовце, Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек. Во обвинението се наведува дека дел од нападите завршиле со смртни последици, додека два случаи биле прекинати откако жртвите побарале помош или поради неочекувани околности. Според надлежните, во текот на истрагата биле направени повеќе вештачења, а доколку обвиненијата бидат докажани, на Бојковски му се заканува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.