Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Нов протест на производителите на ориз

Ако пред 81 години на 11Октомври ја започнавме битката за независност, денеска …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако пред 81 години на 11Октомври ја започнавме битката за независност, денеска  ја водиме битката за преживување . Ние бараме само реално да се вреднува нашиот труд, со што нема да биде загрозена егзистенцијата на над 3000семејства во кочанско, порачаа оризопроизводителите, кои денеска повторно излегоа на протести. Иако најавија блокада само на едната коловозна лента на регионалниот пат Штип-Кочани, оризопроивзодителите не издржаа,па ја блокираа и втората коловозна лента

“Ние сме единствени кои од државата не барат помош. Не ни требат субвенции, нека ги поделат на некој други . Бараме производна цена, да живееме достоинствено, да ги сервисираме нашите потреби. Ќе почнат да го дават и за 15денари бидејќи треба струја, дрва“-порача Здравко Арсов и од Иницијативниот одбор.

И додека на светските берзи оризот држи рекордни цени и се продава и до 2800евра по тон, кај нас неговата цена е изедначена со мастики за џвакање. Трошоците  им се зголемени за речиси 80%, а откупната цена  е од 2 до 5денари пониска од производната.

Реклама

“Инертниот однос на министерството и на сите надлежни субјекти е недозволиво во вакви услови  и треба час поскоро да се изнајде решение кое ќе ги задоволи потребите и интересите на земјоделците. Доколку и понатаму продолжат вака, јас сум длабоко убеден дека оваа култура за година до две ќе исчезне од овие простори„ изјави Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на земјоделци.

 Најавите за нови покачувања на ѓубривата е уште едно разочарување за земјоделците. Полињата ќе останат празни, бидејќи префрлањето од една на друга култура е процес што се одвива бавно.

  “Потребни се години за да се направи исушување на површините. Треба многу вложување и верувале или не, ако еден човек ја напушти нивата еднаш, тој повеќе нема да се врати таму. Имаме приомери , ги напуштиле нивите и сега расте само трева и трска“-изјави Стојче Ташовски, млад оризопроизводител.

Иако во ек е жетвата, оризопроизводителите најавија радикализирање на протрестите, се додека откупната цена не достигне од 40 до 45денари за килограм арпа.

Александра Ристевска