Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Нова инвестиција од еден милион евра на „ТАВ Македонија“, со која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова инвестиција од еден милион евра на „ТАВ Македонија“, со која се зголемува прецизноста во откривањето на потенцијалните закани и се скратува времето на чекање и проверка на патниците и нивните багажи на скопскиот аеродром. Двата нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачниот багаж и двете автоматизирани ленти, треба да ја забрзаат безбедносната контрола. За разлика од порано патниците повеќе нема да треба да ги вадат лаптопите, таблетите, мобилните телефони и течности од рачниот багаж. Овие предмети можат да останат во торбата за време на процесот на проверка. Со оваа технологија тАВ Македонија го позиционираше Скопскиот аеродром на иста линија со европските во Франкфурт и Цирих, каде што овие системи се веќе стандарди. Истите се користат и на водечките аеродроми во САД, Израел и Индија.

„Овие системи обезбедуваат поголема прецизност во откривањето на потенцијалните закани и значително ја намалуваат потребата од дополнителни физички проверки. Новата технологија ни овозможува да обработиме до двојно повеќе патници на час по линија. Ова е клучно за справување со растечкиот сообраќај особено во шпицот на сезоната“, изјави Неџат Курт, генерален директор на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Овој проект е дел од поширокиот инвестициски циклус во безбедноста на Меѓународниот аеродром во Скопје. Минатата година беа имплементирани два проекти во вкупна вредност од речиси два милиони евра, со кои дополнително се зајакна безбедносниот систем. Станува збор за целосно нов систем за видео надзор и современ систем за обука, тестирање и сертификација на безбедносниот персонал, кој обезбедува континуиран професионален развој преку реални симулации и современи методи на евалуација, целосно усогласни со највисоките меѓународни стандарди. 

Реклама

„Тоа што е цел на нашето министерство е да можеме нашите аеродроми, овој во Скопје и во Охрид е што е можно повеќе да ги унапредуваме да ги модернизираме и тие да конкурираат со аеродромите низ светот. Уште еден многу значаен проект кој што и директорот го спомна е модрнизацијата реконструкцијата и проширувањето на аеродромот во Охрид. Како министерство за транспорт, сум горда да кажам дека во изминаите две години имаме пуштено 28 нови линии, што е една голем прогрес за разлика од минатото и се уште имаме планови како ќе направиме поголемо субвенционирање во иднината“, изјави Калтрина Зеколи Шаќири, заменик министер за транспорт и врски

Сите овие инвестиции имаат за цел да ги унапредат безбедностните процедури и да се зголеми ефикасноста и подигне квалитетот на услуга на секој патник.