Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Николоски со нови детали од договорот: Дури 70 отсто од работниците за автопатите ќе бидат странци

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на коридорите 8 и 10 кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка. Николоски вели:

„Се работи за план 11 од договорот кој се однесува за број на работници и план за работа. Во истиот е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите кои македонските граѓаните ќе ги дадат за изградба на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. а премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде и да работи во Македонија му треба работна дозвола и дозвола за престој ама само за работниците на автопатите на Бехтел и Енка ова нема да важи. Тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А, тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што можно е да влезе некој кој има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример, Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и после шест месеци барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи, вели Николоски кој подвлекува дека ова е уште едно класично кршење на законите.