Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата – градиме нови пруги, набавуваме нови локомотиви, патнички возови и создаваме функционални железнички претпријатија

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт  со цел созадавање на функционално претпријатие.

Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира.

Реклама

-Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на Железница транспорт. Потоа влеговме во сериозна реформа внатре во Железница транспорт и веќе првите резултати се гледаат. Оваа година имаме позитивни бројки во првите четири месеци. Имаме раст и во бројот на превезени патници и она што е особено значајно и што мене многу ме радува, сериозен раст на карго сообраќајот, истакна Николоски.

Додаде дека со ЕУ се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ.

-Tокму овој проект којшто го започнуваме денеска со потпишување на овој грант од страна на Светска банка, за што сакам да се заблагодарам, е почеток на реализација на овој проект кој што ќе значи една темелна и суштинска реформа. Паралелно ќе одиме и со набавка на возови, да се обнови флотата, нешто што е особено значајно. Паралелно со една друга финансиска институција веќе потпишавме договор за набавка на електрични локомотиви, коишто многу значат во делот на развој на карго сообраќајот. Треба да се купат најмалку пет електрични локомотиви, истана вицепремиерот Николоски.

Во однос на крупните инвестици во Железницата, тој додаде дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тенедерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица, како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и тие да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

-Ако на тоа се додадат исклучително сериозните инвестиции кои што ги правиме заедно со ЈП Железница инфраструктура, тогаш е јасна визијата на Владата дека сакаме комплетна промена на железничкиот сообраќај во државата.  Првата делница од пругата, односно железничкото поврзување со Бугарија беше готова минатиот јануари и заеднички ја ставивме во функција. На втората активно се работи и се надевам дека по потпишувањето на анексот за продолжување на рокот, тоа ќе биде финалниот рок со којшто ќе се заврши втората фаза. Исто така, во постапка на избор сме на изведувач за третата фаза – имено, тендерот за надзор е веќе објавен и претквалификацијата тече, а очекуваме за многу скоро време да биде објавен и тендерот за изградба, рече Николоски.

Посочи дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8.

-Првично тоа би било Скопје -Јегуновце – Тетово – Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија. Ако на тоа се додаде и брзата пруга на Коридорот 10, за која што веќе ги финализираме документите, тогаш е јасно дека имаме една визија за целосна трансформација на Железницатa, рече Николоски, заблагодарувајќи и се на Светска банка за грант средствата и за континуираната подршка за Македонија.