Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Николоски: Менуваме пет закони за воведување интелигентни транспортни системи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. 

– Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во соработка со министерствата за внатрешни работи и за локална самоуправа, а во координација со Делегацијата на Европската Унија, веќе изменуваме пет закони, кои ќе овозможат воведување ИТС – изјави Николоски по промоцијата на возила за Државниот транспортен инспекторат обебзедени со донација од ЕУ. 

Во соработка со Светската банка, како и со грант од 13 милиони евра од механизмот за поддршка на Западен Балкан, потсети Николоски, веќе се работи за инсталација на паметни, односно интелигентни транспортни системи на Коридорот 10 за што е при крај постапката со Светска банката и со Европската Унија.

Реклама

– Во следниот период ќе работиме и на Коридорот 8 – најави Николоски. 

За поставување на ИТС на Коридорот 10, ресорното Министерство објави тендер за избор на изведувач, на кој пристигнаа понуди од шест странски компании. Досега е изработена проектна документација за воведување системи за контрола на тежината на возила при движење (WIM), за контрола на движење возила што превезуваат опасен товар (HAZMAT) и за мерење загадување на воздухот по должината на Автопатот А1 (Е75) – Коридор 10. Исто така ,и за националниот центар за управување со сообраќајот (НЦУС), кој ќе биде одговорен за следење, надзор и управување на сообраќајот и мобилноста на сите државни патишта и за обезбедување информации за корисниците на коридорите во врска со состојбата на патиштата, сообраќајот и патувањата. НЦУС треба да биде во рамките на објектот на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец. 

Се очекува ИТС да ги унапредат транспортните услуги, да обезбедат информации во реално време за патување, поголема безбедност преку употреба на напредни системи за предупредување и информации за состојбата на патиштата и несреќи во реално време. Исто така, и да се намалат и времето на патување и емисиите на штетни гасови.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: