Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Николовски и Стаменковска извршија увид во реконструираната улица Лазар Димитров во населбата 11 Октомври

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, денеска извршија увид во реконструираната улица Лазар Димитров во населбата 11 Октомври, проект реализиран преку Министерството за транспорт, во вредност од 3,6 милиони денари. 

Николовски истакна дека Владата обезбедува континуирана поддршка за развој на општините, при што во Кисела Вода преку Министерството за транспорт се реализираат проекти во вкупна вредност од 386 милиони денари.

– Знаете дека реализираме големи инфраструктурни проекти, но еднаква грижа водиме и за развојот на општините затоа што мораме да имаме балансиран развој. Во таа насока, во општина Кисела Вода, само преку Министерството за транспорт се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари или некаде околу 6 и пол милиони евра, што е една сериозна сума и една сериозна поддршка за Општината – рече Николоски.

Реклама

Додаде дека во изминатиот период се завршени уште пет улици, а вкупно се реализираат повеќе од 20 активни проекти.

– Во следниот период ќе продолжиме да ја поддржуваме Општината. Градоначалничката има тим и визија како да ја развива општината, така што со поддршка од Владата и Министерството за транспорт убеден сум дека ќе имаме уште повеќе резултати – рече Николоски.

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Стаменковска, истакна дека реконструкцијата на улицата Лазар Димитров е дел од проектот „Локални патишта“, кој се реализира во соработка со Министерството за транспорт.

– Во рамките на проектот „Локални патишта“ и соработката што ја имаме со Министерството за транспорт, во општина Кисела Вода се изведуваат голем број реконструкции на улици, кои навистина значат многу за граѓаните. Тоа значи подобра патна инфраструктура, полесно функционирање, поквалитетно живеење, но и можности за развој на бизнисот и економијата – рече Стаменковска.

Таа посочи дека во соработка со Министерството за транспорт во општината се реализираат повеќе од десет инфраструктурни проекти и оти реконструкцијата на улицата Лазар Димитров е во завршна фаза по што ќе следува нејзино сообраќајно обележување.

– Не застануваме тука. Продолжуваме со голем број проекти во Кисела Вода, а во моментот активно се работи и на улицата Речиште во населбата Драчево – додаде Стаменковска.