Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале и на пожар на улицата Индустриска.

Голема интервенција имала и Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, која од 13:37 часот со три противпожарни возила и 12 пожарникари гаснела пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селата Степанце и Добрача. Во акцијата се вклучиле и екипа од Шумското стопанство Куманово со четворица вработени, припадници на полицијата, пожарникари од Ранковце, како и два авиона за гаснење. Пожарот бил ставен под контрола по дождот.

Реклама

Во Старо Нагоричане, поради спојување на електрични жици предизвикано од силниот ветер, избувнале пожари и во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информираат дека околу 17:30 часот подрачјето било погодено од силно невреме, по што на бројот 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за прекини на електричната енергија, паднати дрвја и бандери, искрење и скинати електрични жици, како и за паднат лимен покрив од зграда на улицата Лесковачка.

Невремето проследено со ветер и дожд  ја зафатило и Општина Липково, каде исто така биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.