Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

На детското одделение во Струга за 24 часа има 100 прегледи, докторите не можат да постигнат

Струшките педијатри на работ на издливост, дневнo низ раце им поминуваат преку 100…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшките педијатри на работ на издливост, дневнo низ раце им поминуваат преку 100 дечиња од Струга, Ресен , Дебар и Охрид каде една година не работи одделот за детски болести и нема хоспитализации.

  • Господ да ни е на помош со детското одделение во Струга,секој ден се повеќе пациети, а се помалку лекари, ова веќе не се издржува.Го молиме премиерот,министерот за здравство и директорите на општите болници Струга и Охрид да се најде решениеструшкиот педијатар Вулнет Бектеши се огласи на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции и кај родителите и кај колегите доктори.
  • Дека ни е стварно зголемен обемот на работа,нон стоп сме на работа 5 души сме на детско, држиме цело детско одделение и неонатолошкиот оддел,меѓуоа тоа е тоа.До денешен ден одговорно тврдам дека ни едно дете што е упатено на нашево одделение не е вратени, за жал и без упат и во секое време се примаат децата, се прегледуваат рече Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.

По Филипче кој на крајот од 2021-ва убедуваше дека доктори од Скопје ќе ротирале се додека не се најдело трајно решение и актуелниот Беким Сали откако е седнат во министерстаката фотеља три пати по ред им го вети истото и го извиси.

  •  Дека педијатри нема-нема, тоа е актуелно во нашава држава,тука се согласувам, меѓутоа тоа не е проблем сега од овој момент, тоа е проблем наназад 10 години кога не се мислеше да се пуштат соодветни кадри за специјализација. Не може двајца педијатри се во Охрид да држат нон стоп дежурства и нив ги сфаќам.24 часа секој втор ден да држиш дежурства,тоа е неиздржливо, кој сака да е вели Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.

Последното ветување кое докторите го добиле е дека наводно после нова година на охридското детско одделение ќе ротирале 2-3 доктори од другите градови во внатрешноста, со цел да не намалел притисокот во струшка педијатрија.

Реклама

Сите изгинавме,сите до еден и нема да биде подобро.Бидејќи знам како е во амбулантите, можам да замислам како е кај вас со болни деца и плус дежурства .Неиздржлива стана побарувачката на здравствени услуги и во поголемите градови,а не пак таму каде што опслужувате огромен регион .И покрај редиците во надворешната врата, секогаш сме примени-ова се само дел од коментарите на докторите и родителите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи.

Росица Голабоска