Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квадратен

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје – во Црешево се измерени 74 литри на метар квадратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. 

До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во Скопје – Петровец, 5 во Тетово, 3 во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

УХМР нагласува дека овие вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, како и дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Реклама

Времето претпладнево ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла по одредени котлинии, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. 

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.