Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

МП: Дигитална трансформација на системот за бесплатна правна помош

Министерот за правда Игор Филков  и раководителот на Програмската канцеларија на Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков  и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој, како што информираат од Министерството, ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес.

-Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, побрза обработка на барањата и подобра координација помеѓу сите институции и даватели на бесплатна правна помош – информираат од Министерството за правда.

За граѓаните, ова значи полесен пристап до услугите, поголема достапност на информациите и поедноставено остварување на правото на бесплатна правна помош. На овој начин, посочуваат од МП, се зајакнува пристапот до правда и се обезбедува подобра заштита на правата на сите граѓани.

Реклама

Оваа активност, информираат од Министерството за правда, е реализирана со поддршка на Советот на Европа, и претставува значаен исчекор кон современ, ефикасен и дигитализиран систем на бесплатна правна помош во Македонија.