Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Младост желна за демократија и промени

“Демократијата треба одново да се раѓа во секоја генерација, а образованието е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Демократијата треба одново да се раѓа во секоја генерација, а образованието е нејзина бабица.” Овие зборови ги кажал познатиот филозоф Џон Девеј и тие можеби најдобро зборуваат за важноста на Еразмус+ младинската размена “Democracy in motion” која се одржа во месец јуни во прекрасниот романски град Крајова

На оваа размдна учество Македонија ја претставуваа шест млади ентузијасти: Мила, Илија, Ангела, Дарија, Симона и Даки кои во овој проект зедоа учество желни за што повеќе знаења и вештини за тоа како утре да бидат проактивни граѓани во нивната заедница и преку својот активизам да направат демократски промени значајни за нив како млади луѓе.

На размената младите имаа можност да научат за работата на ЕУ институциите, но и за методи како да бидат активни граѓани, додека преку многуте дебати, симулации и играње на улоги имаа унилатна можност активно да практикуваат демократија, а преку посетите на градскиот совет на Крајова и националниот парламент на Р. Романија добија ретка можност одблиску да се запознаат со работата на народните избраници и директно да им постават прашања кои ги засегаат нив како млади.

Реклама

Ни мултикултутниот аспект не беше изоставен. Преку интеркултурните вечери на сите држави учеснички, младите имаа можност одблиску да се запознаат со културата и традициите на другите држави.

По седум дена исполнети со учење, тимска работа, практикување демократија, забава и дружба завесата на оваа среќна приказна се спушти со желба, надеж и ветувања за идна плодна – меѓусебна соработка и активизам во создавањето на промени значајни за сите млади ширум Европа.