Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски се сретна со генералот Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на Сојузничките сили на НАТО во Европа и командант на Европската команда на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денесла остварил средба со генералот Алексус Г.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денесла остварил средба со генералот Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на Сојузничките сили на НАТО во Европа (SACEUR) и командант на Европската команда на САД.

На средбата било разговарано за актуелната безбедносна состојба, регионалната стабилност и понатамошното продлабочување на соработката во рамките на Алијансата.

-Средбата претставува потврда на силното партнерство и заедничката заложба за мир, безбедност и стабилност. Како посветен и доверлив сојузник, Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО – напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Реклама

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich) денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија.

Согласно програмата за посета, утре генералот Гринкевич во присуство на генералот Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје.