Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Работиме напорно и посветено, граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Вели дека повторно има воени дејства од големи размери во Персискиот  Залив и повторен раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, што, како што нагласува за Владата претставува предизвик.

– Денеска на владина седница, на вонредна владина седница ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на таа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на на бензините и на дизел горивата – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на општина Велес.

Реклама

Премиерот нагласи дека голем дел од инвестициите веќе почнуваат да се реализираат и оти следните месеци граѓаните ќе имаат можност да бидат сведоци на сите овие проекти.

– Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека во април месец градежништвото беше над 40%, трговијата исто така е двоцифрена, имаме раст во туризмот, буквално во сите сегменти. И покрај, би рекол предизвикувачката состојба, ќе биде тешко, но, нема да очајуваме, ќе се бориме. Имаме план, сосема пристојно се полни буџетот, би рекол над нашите очекувања – истака премиерот Мицкоски.

Тој очекува, како што рече, опозицијата да продолчи со креирање невистини и шпекулации.

-Требаше да банкротираме 2024-та, па не банкротиравме, па 2025-та… Еве повторно лоша вест за опозицијата – нема ни оваа година да банкротираме. Платите ќе се зголемуваат во рамките на колективните договори, во рамките на законот и пензиите. Сите обврски ќе се исплаќаат онака како што е предвидено со буџетот – потенцира премиерот.

Задоволен е и од реализацијата на капиталните инвестиции, која, според него, исто така, е согласно планот.

– Опозицијата нè убедуваше дека во април мигранти ќе шетаат низ Македонија, еве јули завршува – немаме мигранти, повторно на нивна штета, а за добро на граѓаните. Ќе мора тој фолклор и таа естрада да ја слушаме од опозицијата до следните избори, кога народот повторно ќе ги порази и конечно ова естрадно друштво, кое е лидерство во опозицијата, претпоставувам ќе замине од политичката сцена и ќе дојдат луѓе коишто ќе направат една конструктивна структура која ќе се грижи за националните интереси, ќе работи со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градење на национални ставови, рече премиерот.

Вели дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резулатите.

– Очекувам конечно да почне изградбата на брзата пруга Коридор 10. Шест автопати во еден момент ќе се градат, еден го завршуваме, така што имаме навистина голема реализација на приоритетите. И во периодот којшто следи, лично јас, заедно со ресорните министерства и министри и членови на Влада ги следам овие проекти, така што добрите времиња се пред нас, рече Мицкоски во одговорот на новинарското прашање.