Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Договорот помеѓу Владата и „Бехтел и Енка“ отвори многу дилеми за историски криминал

Лопата на коридорот 8 можеби заигра ама никој не ја виде.  Денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лопата на коридорот 8 можеби заигра ама никој не ја виде.  Денеска стартува реализацијата на договорот за изградба на коридорите но очигледно само на хартија . Според информациите од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта  почнувале подготвителни работи, снимање на теренот, подготовка за експропријација и проектирање . 

Транспорт и врски почнуваат да бараат работници и да бараат локации каде ќе ги сместат,а каде овие работници ќе стартуваат со работа од властите молк.

Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги, информираа од Министерството за транспорт и врски.

Реклама

Како ќе се одвиваат работите никој не знае  оти договорот никој и не го видел .   Премиерот упорно уверува дека станува збор за историски проект и дека нема ништо спорно во договорот зошто бил склучен согласно специјалниот Закон кој се донесе  пред две години за да може Бехтел и Енка да го добијат тендерот.  Опозицијата критикува дека Владата се служи со лаги и предупредуваат оти е потпишан договор со кој ќе се плаќаат пенали.

Освен оваа Влада корумпирана и ваква каква што е на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ, нема да посредува во склучување на договори во коишто имаме билатерални релации помеѓу два партнера. Ниту една влада во светот, а камоли тоа да си го дозволи нашиот стратешки партнер број еден, а тоа е САД или вториот стратешки партнер, а тоа е Република Турција. Верувајте не постои, рече Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Иако американската амбасада се огради од договорот со Бехтел и Енка, Ковачевски упорно тврди дека амбасадата го поддржувала инфраструктурното унапредуивање во државава.  Мицкоски вели дека премиерот и на оваа дилема не дава одговор и дека е лага дека стојат стратешките партнери позади проектот

Ние отворивме најмалку 10тина дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа, рече Мицкоски.

Од денеска официјиално тече рокот за изградбата на Коридор 8 , односно треба да е готов за четири години и седум месеци. Според најавите, изградбата на коридорот 10 д пак треба да стартува на 12-ти мај . Вредноста на договорот изнесува 1.3 милијарди плус 300 милиони евра за експропријација .  За колку ќе се надмине оваа сума откако ќе се испроектира трасата, или колку ќе не чини ако не поминат законските измени во Собрание никој не знае иако тоа се народни пари.

Кристина Алексиеска