Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Министерот Муцунски ќе учествува на Дубровник форум 2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во Дубровник, Република Хрватска, каде што ќе учествува на 19. издание на Дубровник форум.

Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, посветена на европската интеграција на Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката меѓу Европската Унија и земјите од регионот.

-Под мотото „The Age of Multipolarity: Many Decisions, One Future“, Дубровник форум 2026 ќе собере високи државни претставници, креатори на политики, експерти и претставници на меѓународни организации, кои ќе дискутираат за најактуелните глобални и регионални безбедносни, политички и економски предизвици. Годинашното издание има и посебно симболично значење, бидејќи се одбележуваат 20 години од основањето на Форумот, претходно познат како Croatia Forum, се вели во соопштението МНРиНТ.

Реклама

Имајќи предвид дека Република Хрватска во 2026 година претседава со *Three Seas Initiative* и *MED9*, велат оттаму, годинашниот Форум ќе стави посебен акцент на медитеранската димензија на европската безбедност, регионалната соработка и заедничките стратешки предизвици.

За време на престојот во Дубровник, министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби со свои хомолози и други високи претставници кои учествуваат на Форумот.