Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Меџити: Успешно заврши првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“

Со вечерта на корчанските серенади „Спомени од младоста“, во изведба на групата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вечерта на корчанските серенади „Спомени од младоста“, во изведба на групата „Кофиел“ синоќа успешно заврши првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир, која четири вечери по ред ја претвори Старата скопска чаршија во сцена на музиката и културата.

На завршната вечер, како што соопштија од Општината, присуствувал градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој го оценил првото издание на фестивалот како успешен почеток на нова културна традиција и упатил благодарност до уметниците, уметничките директори, организацискиот тим, партнерите и публиката за поддршката и довербата.

-Отсекогаш сум верувал дека едно општество ја добива својата тежина и преку културата што ја создава. Токму со тоа убедување го започнавме овој фестивал, затоа што општество кое инвестира во уметност, инвестира во својата свест, идентитет и достоинство. Првото издание заврши, но сега започнува нашата обврска оваа иницијатива да расте, да се зацврсти и да прерасне во традиција што ќе го позиционира Скопје на културната мапа на регионот – изјавил Меџити.

Реклама

Во текот на четирите фестивалски вечери, публиката имаше можност да ужива во настапите на реномирани домашни и меѓународни уметници, со што фестивалот ја афирмираше Старата скопска чаршија како значаен простор за културни и уметнички настани.

-Со завршувањето на првото издание, Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ постави темели да прерасне во традиционален културен настан во Скопје – се вели во соопштението.