Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Меџити по повод фестивалот„Чаршија“: Почнува нова културна традиција за Чаир и Скопје

Почнува нова културна традиција за Чаир и Скопје, рече градоначалникот на Чаир,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнува нова културна традиција за Чаир и Скопје, рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити по повод првото издание на меѓународниот фестивал „Чаршија” што ќе се одржува од денеска до 26 јули во Старата скопска чаршија.

Како што истакна Меџити утрово на прес-конференција, под уметничко водство на Инва Мула и Дешира Ахмети, публиката ќе има можност да проследи богата програма со класична музика, опера, фламенко и други жанрови кои ги спојуваат традицијата и современата интерпретација.

-Чаир го збогатува својот културен календар со уште еден значаен настан. Од денеска до 26 јули ќе се одржува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива која имаме за цел да ја претвориме во традиционален годишен настан и да ја развиеме во една од најзначајните културни манифестации во градот. Фестивалот ќе се одржува во Сули ан и Куршумли ан, два од најзначајните монументи на нашето културно наследство, кои во текот на четири вечери ќе бидат домаќини на реномирани домашни и меѓународни уметници, информира градоначалникот.

Реклама

Според него, изборот на овие простори не е случаен.

-Старата скопска чаршија отсекогаш била место на средба на култури, луѓе и историја. Токму затоа веруваме дека тоа е вистинското место каде што уметноста може да добие уште позначајна улога во јавниот живот и да создаде природна врска меѓу нашето наследство и современото творештво, потенцира Меџити.

Тој изрази верување дека вложувањето во културата е подеднакво важно како и вложувањето во секоја друга област од развојот на градот.

-Преку ваквите проекти создаваме можности за уметниците, нудиме квалитетни културни содржини за граѓаните и истовремено придонесуваме за промоција на културниот и историскиот идентитет на Чаир и Скопје. Нашата цел е овој фестивал да се развие во одржлива платформа која од година во година ќе расте во квалитет и содржина, ќе привлекува уметници и посетители од регионот и пошироко, а истовремено ќе ја збогатува културната понуда на Скопје, подвлече Меџити.

На прес-конференцијата беа и министерот за култура, Седат Сулејмани, како и оперските уметници Инва Мула и Дешира Ахмети.