Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Меља: Работите на инфраструктурните зафати во Дебар не мируваат ниту за викенд

Во Дебар градежните активности на неколку инфраструктурни зафати не мируваат ниту за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Дебар градежните активности на неколку инфраструктурни зафати не мируваат ниту за викенд, туку се работи под полна пареа, објави градоначалникот Фисник Меља. 
 
-Посветеноста кон граѓаните не познава одмор. Општина Дебар продолжува со работа и за време на викендот, со одговорност и посветеност, со цел да обезбеди квалитетни услуги за сите. Сите заедно за подобар Дебар, стои во објавата. 


 
Се работи на неколку улици во градот меѓу кои „Вехби Добра”, над центарот на градот, „Сабри Карамети”, во горниот дел на градот  како и на новиот булевар во населбата „Венец2″. 

-Проектот за булеварот е еден од најголемите во општината во вредност од околу 530 илјади евра, патот е двосмерен, во должина од 680 метри, широчина од 28 метри, ќе има велосипедска патека, тротоари, зеленило. Ова е многу значаен зафат во интерес на жителите и развојот на овој дел на градот – додава Меља. 
 
Посочува дека Општина Дебар останува посветена на реализација на проекти што придонесуваат за развојот на општината и благосостојбата на граѓаните.