Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Манасиевски до Кузеска: Ширите лаги и манипулации насочени за Реформската агенда, Македонија е лидер во испорачување на реформите

Ја слушам колешката од СДСM, Кузеска на прес-конференција како изнесува лаги и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја слушам колешката од СДСM, Кузеска на прес-конференција како изнесува лаги и манипулации насочени за Реформската агенда, конкретно во делот на Изборниот Законик, па решив да ја разобличам лагата и да ја истакнам вистинската вистина, напиша во објава на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос во посета на Македонија, ја пофали работата на Владата и посочи дека Македонија успешно реализирала 9 од 10 клучни реформи од владината Реформска агенда, кои патем имаа рок до 30 јуни, а не до 1 јуни како што СДСM милуваат да кажуваат. Со ова директно се потврдува заложбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека сака да ја внесе Македонија во ЕУ, преку исполнување на реформи, а не преку капитулација и потчинетост кон други држави.

Исто така, еврокомесарката за проширување, Марта Кос и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, повикаа на консензус на сите политички партии за носење на Изборниот Законик. Како никогаш до сега, партијата на власт, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, вели до опозицијата, договорете се што сакате, начинот на гласање, начинот на поднесување на приговори, начинот на рекламирање и финансирање, договорете го меѓу себе. ВМРО-ДПМНЕ се ќе ви прифати, само да го олесниме гласањето на дијаспората по електронски пат или по пошта. И не за следниот изборен циклус, туку за претседателските избори во 2029 година. За три години од денес, можеме да го изградиме овој процес.

Реклама

Но, проблемот не е Изборниот Законик. Проблемот е тоа што на следните избори ќе доживеат дебакл опозициските партии, па тоа што ќе имаме стар Изборен Законик ќе биде одлична алиби прилика на СДСM, Левица и ДУИ, да се претстават како жртви и оштетени од изборниот циклус, нешто што нема да биде легитимен аргумент, затоа што денес имаат можност таа ситуацијата да ја променат.

Дополнително, на опозицијата им пречи нашиот успех. Тоа што не го поддржуваат Изборниот Законик кој беше договоран неколку месеци, докажува дека кога ќе имаат било каква можност да и наштетат на Македонија, тие тоа ќе го направат. Само поради СДСM, Левица и ДУИ немаме 10 од 10 исполнети реформи, туку имаме 9. Не можат да прифатат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува, затоа и блокираат.

ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот опозицијата да седне и да се договори, а дијаспората да ја добие можноста полесно да го оствари своето уставно загарантирано право, да гласа на избори. Доколку одиме на следни избори повторно со стар Изборен Законик, вината е исклучиво кај коалицијата на СДСM, Левица и ДУИ.