Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Свет

Макрон: Неопходна беше реформа на пензискиот систем

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека го слушнал гневот на луѓето во Франција поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање, но додаде дека е неопходно да се одржи пензискиот систем.
Тие измени се потребни за да се гарантира правото на секого на пензија. Тие претставуваа напор, тоа е вистината, наведе Макрон, откако на 15 април стапија во сила реформите на пензискиот систем.
Макрон истакна дека за законот нема консензус со синдикатите и другите политички партии.
За денеска Макрон ги повика претставниците на синдикатите на разговори, но тие одбија средба. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија.