Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

На Македонија и е наложено да му исплати 3.465 евра отштета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е наложено да му исплати 3.465 евра отштета на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Европксиот суд повторно утврди повреда на човекови права во предмет поврзан со поранешни функционери од Македонија. Според пресудата е оценето дека домашните судови не понудиле доволно конкретни причини за продолжување на мерката притвор, а поднесените жалби не  биле разгледувани во разумен рок. Покрај надоместокот за нематеријална штета, државата ќе треба да ги покрие и судските трошоци.

„Оваа одлука е конкретна за Владимир Атанасовски и за неговото предолго држење во притвор на кое ние укажувавме во целиот тек на постапката. Дури имаше и објавени разговори помеѓу тогашни обвинители и политичари, во кои се нарачува апсењето на Владимир Атанасовски. Треба да се преиспита одлуката бидејќи е утврдена и најпрво е одлучено да се исплати отштета во износ од околу 3 и пол илјади евра.“, изјави Јордан Апостоловски, адвокат на Владимир Атанасовски.

Ова не е прв пат Стразбург да утврди пропусти во постапувањето на македонското правосудство. Претходно, беше пресудено и во корист на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, оценувајќи дека и било повредено правото на правично судење. За поранешниот министер за образование и наука пак, Спиро Ристовски беше утврдено дека неговиот домашен притвор за случајот „Организатори на 27 април“ бил неоправдано продолжуван без дадени доволно аргументи за таквата мерка, а државата беше задолжена да му исплати отштета. Во меѓувреме, Судот во Стразбург отвори и дополнителни прашања во уште еден предмет, барајќи објасување за тоа како незаконски прислушуваните разговори, познати како „бомбите“ на поранешниот премиер Зоран Заев, биле користени како клучен доказ во судските постапки и дали тие биле навистина фер. Со тоа, европскиот суд продолжува внимателно да го следи начинот на кој се воделе дел од најистакнатите судски процеси во држа