Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Лефков: Во попустлива политика кон официјална Софија, Филипче гледа магична формула да дојде на власт

Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува, истакна на прес-конференција членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел  и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските стандарди.

Ова им е јасно и на многу истакнати меѓународни чинители. И нив ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир како јасно потенцираат дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да прифати правила, во конкретниов случај вклучување на Бугарите во Уставот, без притоа да има јасна гаранција дека Софија нема да има други барања кон државава во врска со идентитетски прашања на нејзиниот пат кон ЕУ.

Реклама

Почитувани, ова изгледа само на Венко Филипче и на неговите другари од раководството на СДСМ не им е јасно, а можеби им е јасно но не се грижат за државата и за граѓаните.

Нив ги интересира само едно – да се даде се, по секоја цена  да ги реализираат само нивните лични интереси.

И очигледно е зошто го прават ова, се надеваат дека тоа е патот или магичната формула која ќе ги донесе на власт.

Кај граѓаните на Македонија оваа политика видовме дека не поминува. Граѓаните на СДСМ и даваат црвен картон, бидејќи сакаат државата да ја водат личности кои се борат за достоинствен влез на Македонија во ЕУ.