Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Кризен штаб Куманово: Над 100 паднати дрвја, повеќе од 20 интервенции, службите продолжуваат со расчистување

– Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што вчера го зафати градот и околината. Надлежните информираа дека сите општински служби биле на терен во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринава, при што приоритет биле расчистување на сообраќајниците, отстранување на опасните дрвја и санација на штетите. Според првичните информации, пријавени се повеќе од 100 паднати дрвја, а пожарникарите интервенирале на над 20 локации. 

Секретарката на Општина Куманово, Емилија Сладарис Јаневска, информираше дека на седницата на Кризниот штаб биле сумирани информациите од сите институции кои учествувале во справувањето со последиците од невремето.

-Благодарение на екипите на ЈП „Чистота и зеленило“, Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и останатите служби, брзо се интервенираше на терен и се расчистуваа последиците во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринските часови- изјави Јаневска.

Реклама

Таа посочи дека од ЕВН добила информации дека нивните екипи работеле цела ноќ на отстранување на дефектите на електродистрибутивната мрежа.

-Централното градско подрачје веќе е снабдено со електрична енергија, а денеска екипите продолжуваат со работа во приградските населби и селата. Штетите на електроинсталациите се големи, па санацијата ќе продолжи и во текот на денот- рече Јаневска.

Според неа, Општата болница во Куманово функционира непречено, откако биле отстранети паднатите дрвја во дворот, а електричната енергија е повторно воспоставена.

Командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, информираше дека пожарникарите од вчера попладне до утринава реализирале повеќе од дваесет интервенции.

-Најголем дел од интервенциите беа за отстранување на откорнати лимени кровови, расчистување на паднати дрвја и гранки, како и испумпување на вода од поплавени подруми и објекти. Имавме и интервенција за извлекување лице заглавено во автомобил поради надојдена вода на крстосницата на улиците „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“, но за среќа немаше посериозни последици- изјави Станковски.

Тој додаде дека денеска екипите продолжуваат со обезбедување и отстранување на опасни лимени конструкции и други ризични објекти.

Поради силното невреме, окторнати се и дел од смефорите на неколку локации. Силниот ветер го оддува и државното знаме од јарболот. 

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, истакна дека веднаш по невремето на терен излегле сите расположливи работници и механизација.

-Досега имаме евидентирано повеќе од 100 паднати дрвја на јавни површини, паркови, улици и во приватни дворови. Приоритет беа улиците и тротоарите кои беа блокирани, за да се овозможи безбедно движење на возилата и пешаците. Работевме до доцна во ноќта, а од рано утринава повторно сме на терен- рече Томиќ.

Тој упати благодарност до ТППЕ Куманово и до ЈП „Национални шуми“ за помошта при расчистувањето и апелираше до граѓаните за трпение.

-Работиме по приоритети. На одредени локации мора да почекаме ЕВН да ја исклучи електричната енергија, а полицијата да изврши увид пред да можеме безбедно да ги отстраниме паднатите дрвја или лимените конструкции- нагласи Томиќ.

Силното невреме кое вчера зафати делови од државата меѓу другото предизвика оштетувања и на дистрибутивната мрежа, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците.

-Екипите на Електродистрибуција веднаш се мобилизираа и работат на терен со интензивно темпо, а активностите ќе продолжат без прекин се до целосно санирање на сите дефекти и нормализирање на состојбата- велат од Елекетродистрибуција.

По невремето кое ја погоди општина Куманово, осудени лица од КПУ Затвор Куманово, во координација со ЈП Македонија Пат помогна во расчистување на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Надлежните посочија дека сè уште е рано за проценка на вкупната материјална штета, но оценија дека станува збор за едно од најсилните невремиња што го погодиле Куманово во последните децении. Според нив, расчистувањето на последиците ќе продолжи и во наредните денови.