Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“.

Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното лице, како законски застапник и овластено лице за располагање со средствата и сметките на правниот субјект, во содејство со второпријавениот А. С., во периодот од 2022 година до 2024 година, дејствувајќи заеднички и со однапред утврдена намера, презеле дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и економска пропаст.

-Во реализација на оваа намера, пријавените, спротивно на должноста за совесно, одговорно и законито управување со имотот и средствата на друштвото, склучувале штетни договори и вршеле пренос на парични средства и друг имот на лица блиски до првопријавениот Ѓ. З., без постоење реален правен и економски основ за таквите трансакции. Дополнително, првопријавениот, користејќи ја својата положба на управител, склучил договори за отуѓување на движен и недвижен имот во сопственост на друштвото по цени кои биле очигледно и значително пониски од нивната реална пазарна вредност, без економска оправданост и спротивно на интересите на друштвото и неговите доверители, појасн.

Реклама

На овој начин, континуирано и систематски ги извлекувале средствата од друштвото, значително ја намалиле вредноста на имотот на друштвото и ја оневозможиле можноста доверителите да ги намират своите побарувања, како непосредна последица на што друштвото било доведено во состојба на трајна неликвидност и неспособност за исполнување на своите обврски, што резултирало со отварање стечајна постапка.

Со наведените дејствија, велат од Финансиската полиција, пријавените ги оштетиле доверителите во износ од 13.268.816 денари и прибавиле противправна имотна корист за себе и за лица во роднинска врска во износ од 73.538.152 денари.