Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Концерт на џез групата Next to Silence на 9 јули во Сули ан

Џез групата Next to Silence на 9 јули (20:30 часот) ќе одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џез групата Next to Silence на 9 јули (20:30 часот) ќе одржи самостоен концерт во Сули ан (20:30 часот)во рамки на фестивалот Скопско лето. На концертот ќе биде изведена музика што составот ја сними неодамна. Иако музиката се уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да се запознае со карактерот на новите композиции на Next to Silence.  

Next to Silence е македонски џез состав кој функционира повеќе години и е сочинет од членови кои долго соработуваат со разни формации. Оваа музичка група фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено интерактира со духовни и саркастични елементи. Албумите на Next to Silence се издадени за SJF Records на Скопскиот џез фестивал, и тие отелотворуваат разни звучни стории и го раскажуваат она што најубаво се говори без зборови.

Иако името на бендот Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин, која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак нивната музика не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто измеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење…искуство што може да ве доведе до тишина…

Реклама

Членови на Next to Silence се: Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов – барабани.