Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Секојдневните напади околу ормускиот теснец продолжуваат трета ноќ по ред.  Американските сили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневните напади околу ормускиот теснец продолжуваат трета ноќ по ред.  Американските сили извршија напади врз Иран, а иранските пак нападнаа центар за сателитски комуникации во Бахреин како и танкер кој поминувал низ Ормускиот Теснец. Во центарот на вниманието е кој ќе има контрола врз теснецот…Техеран прво изјави дека ќе наплаќа за преминување преку него, а САД одговори со намера за воведување на такса од 20%.

„Ги удираме многу силно. Имавме договор вчера, или завчера, се беше готово и потоа веднаш го раскинаа тој договор бидејќи нешто не им се допаѓаше во него. Тие се различни и нема да го толерираме тоа. Одиме напред, ќе ги нападнеме вечерва. Ќе ги отстраниме сите нивни способности за било што поврзано со Ормускиот Теснец и мислам дека ние ќе го контролираме на крајот целосно“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД

Реклама

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека  Техеран е чувар на теснецот и дека тоа ќе остане „засекогаш“.

„Стигнавме до договор кој целиот свет го славеше како успех во дипломатијата и потоа САД беа тие кои го повлекоа тој договор и повторно ги поставија нивните санкции и повторно започнаа со нивните закани“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран

Ескалацијата доаѓа после неполн месец од потпишувањето на меморандумот на разбирање помеѓу двете земји кој го стиши светскиот страв за поразорен конфликт и зголемување на цените на нафтата. Но се случува спротивното. Конфликтот ескалира , а цената на суровата нафта „Брент“ скокна на 85 долари за барел, додека американската сурова нафта „Западен Тексас интермедијар“ се приближува кон 80 долари. Проценките на светските аналитичари се очекувани. Сметаат дека секое дополнително нарушување на пловидбата низ Ормускиот Теснец може да предизвика уште посилен раст на цените, бидејќи низ овој морски премин поминува значителен дел од светската трговија со сурова нафта.