Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Конески: Поддршката за младите останува приоритет на Владата преку подобрување на условите и нови можности

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток ја истакна новата програма за практикантство, која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство во локалните самоуправи, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот, а истовремено општините добиваат млада енергија, нови идеи и поголем капацитет за прилагодување на современите предизвици, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Новата програма што ја промовиравме, месеци на практикантството тоа е соработка на државните универзитети со Министерството за локална самоуправа и со ИНОВА каде што во месеците август-септември студентите ќе имаат шанса да бидат практиканти во локалните самоуправи, да имаат директно искуство во раководењето на општината, тука има взаемен интерес и младите добиваат практично искуство и ја подобруваат позицијата на пазарот на трудот, а од друга страна локалните самоуправи добиваат млада енергија, нови идеи и еден зајакнат механизам за адаптација на новите времиња“, рече Конески.

Конески истакна дека Владата посветува значително внимание на подобрувањето на студентскиот стандард и спроведувањето на мерки насочени кон унапредување на условите за студентите, и ги истакна програмите за самовработување со кои се поттикнува претприемачкиот дух кај младите и се создаваат подобри можности за нивен професионален развој.

Реклама

„Опозицијата беше многу критички настроена спрема извештаите од Европската комисија, сака да креира перцепција во недостиг на аргументи, они пробуваат да се извадат на тоа дека една лага кажана доволно пати станува вистина. Последниве две недели гледаме дека опозицијата агресивно во медиумите разговара за ребалансот на Буџетот и дека се кратат средства за младите. Буџетот за 2026 година за студентски стандард предвидува 1.338.000.000 денари, со ребалансот се предвидени 1.689.000.000 денари односно 350 милиони денари е зголемена ставката за студентски стандард, тука се студентскиот оброк, сместувањата по студентските домови, субвенционираните оброци“, истакна Конески и додаде:

„Веќе две години го спроведуваме оперативниот план за самовработување и повратните резултати првата година беа добри, оваа година бројот на апликанти е голем, тука на еден многу добар начин државата се промовира себеси како мотиватор на младите да почнат да размислуваат претприемачки“.