Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Ковачевски до крај ќе го одигра орото за да ги внесе Бугарите во уставот, па дури и против волјата на граѓаните

Навреди, омаловажувања, негирање на јазик, нација, народ, по се изгледа ова нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди, омаловажувања, негирање на јазик, нација, народ, по се изгледа ова нема да да биде доволна причина власта да отстапи од исполнуување на барањата на официјална Софија за внесување на бугарите во македонскиот устав. И покрај тоа што не нарекуваат одродени бугари, ни ги крадат историските личности и ги претставуваат како свои, се поверојатно е, барем според мислењата на дел од аналитичарите, дека владата на Ковачевски ќе го одигра орото на кое се фатила, и против волјата на граѓаните.

Професорот Јанкуловски за Алфа вели дека власта и покрај се што се случи последниов период нема да се откаже од уставните промени, оти како што вели тој владината безалтернативност во однос на надворешната политика во основа само ќе го потврди она што тие го следат како евроинтегративен процес каде што дури и ветото кое постои и во основа не значеше отпочнување на преговори со ЕУ тие го претставуваат како отпочнати преговори.

  • Македонците во основа ништо не прифатија, а владата тоа поинаку го претставува последниве 4-5 години од промената на името до договорот за добрососедство, не гледам подготвеност од наша страна да се прифати тоа бидејќи сепак се работи за наметнат процес на промени на уставот кој вообичаено е непознат во меѓународно-правната пракса, да друга суверена држава на друга суверена држава да и наметне одредено однесување спротивно на нејзината волја без да постои реципроцитет. Тоа во односите со Бугарија се случува, нашата влада тоа го прифаќа, тоа е само еден дел од мозаикот на понижувања кои ги трпиме во надворешната политика во последниве години“ вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.

Аналитичарот Муслиу пак навива тие измени да се случат, и сите пратеници да гласаат за истите, оти друг избор сме немале.

Реклама
  • Владата нема друг избор освен да продолжи со евроинтеграциите, тоа им е обврска кон сите граѓани, така да таа може да се потруди да се смират односите со Бугарија. Јас разбирам дека Бугарија влегува во предизборна кампања и тоа ќе го отежни целиот процес, но владата нема друг избор освен да продолжи со тие евроинтеграции. Ние не можеме сега да ги блокираме односите со Бугарија и да ги затвориме границите“ вели за Алфа, Алберт Муслиу – аналитичар.

Она што е веќе изграден став кај голем дел од познавачите на оваа тематика е дека дури и да се случат уставните измени, официјална Софија повторно ќе има нови барања, а во спротивно сепак пак како ас во раковот ќе го има ветото како закана кон Македонија, ако не ја слушаме волјата на Бугарија.

Мери Симоновска

https://youtu.be/DdmiSPpvWRs