Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Ковачевски ветува инфраструктурен бум меѓу Македонија и Албанија – колку плановите и прогнозите се реални?

Челниците на македонската држава кои безмалку една деценија не успеваат да изградат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Челниците на македонската држава кои безмалку една деценија не успеваат да изградат 57 километри автопат од Кичево до Охрид, кој требаше да биде најголемиот реализиран проект во поновата историја на Македонија, сега промовираат изградба на коридори, железнички пруги и пристаништа. Брда и долини вети премиерот Ковачески кој денеска со својот албански колега Еди Рама го пушти во употреба новиот начин на заедничко управување на граничниот премин Ќафасан. Контроверзниот договор за изградба на коридорот 8 кој беше потишан пред 4 месеци помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и американко-турскиот конзорециум Бехтел и Енка Ковачески ќе го реализирал во рекордно време.

 Она на што веќе се работи е комплетно нов коридор 8 од страна на Македонија и од Албанија,тоа е нешто што во наредните 5 години ќе стане реалност.Ако карактеристика на инфраструктурата помеѓу Македонија и Албанија беше дека таа  не постоела,сега за 5 години ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот “-рече премиерот Ковачески

Изградбата на коридорот 8, заедно со коридорот 10 Д  чини 1,3 милијарди евра. -Заедно со Албанија, Бугарија и Италија успеавме коридорот 8 да го ставиме на мапата на трансевропските коридори, што значи дека веќе овој коридор може да добива финасирање од ЕУ, рече Ковачески. И не само тоа, тој зборуваше и за железничко поврзување помеѓу Македонија и Албанија, проект кој беше проовиран пред 9 месеци

Реклама

И веќе работиме на проектите кои се однесуваат на изградба на железничка пруга помеѓу Албанија и Македонија, особено помеѓу Кичево и Лин тоа ќе овозможи и реализација на она што веќе сме го договориле, а тоа е на новото пристаниште во Драч да има и суво пристанипште во Струга”-рече Ковачески

Инаку на денешниот настан на кој беше промовирано заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан, присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за царинско управување на двете земји, не не само што не беа превидени новинарски прашања,туку новинарите не беа воопшто поканети.Беше овозоможено присуство само на сниматели и фоторепортери.

Росица Голабоска