Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Свет

Ким планира да се сретне со Путин за да разговараат за продажба на оружје, велат САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да патува за Русија овој месец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да патува за Русија овој месец за да се сретне со Владимир Путин, изјави еден американски функционер. Тој додаде дека тие ќе разговараат за можноста Северна Кореја да ѝ испорача оружје на Русија за војната во Украина. Точната локација на средбата не е позната, ниту оваа информација беше коментирана од Москва и Пјонгјанг.

Американски извори изјавија за „Њујорк тајмс“ дека Ким веројатно ќе патува со оклопен воз до Владивосток. 

Можната средба доаѓа откако Белата куќа соопшти дека има нова информација дека двете држави активно преговараат за оружјето.

Реклама

„При неодамнешната посета на Северна Кореја, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се обиде да го убеди Пјонгјанг да ѝ продаде артилериска муниција на Русија. Ким и Путин потоа разменија писма во кои ветија дека ќе ја зголемат билатералната соработка. Ја повикуваме Северна Кореја да ги прекине разговорите за оружје со Русија“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Тој додаде дека САД ќе преземат акција, вклучувајќи санкции, доколку Северна Кореја ѝ продаде оружје на Русија,

Во САД и Јужна Кореја постои загриженост за тоа што би добила Северна Кореја со еден ваков договор со Русија и дека тој би можел да резултира со зголемена воена соработка помеѓу двете земји.

Ким и Путин последен пат се сретнаа во 2019 во Владивосток.