Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Истражена петоапсидалната базилика на локалитетот Кале кај село Крупиште

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип ја дефинираа целата концепција на петоапсидалната базилика на локалитетот Кале во Крупиште. Археологот во ЗЗС и Музеј на град Штип-Митко Штерјов вели дека истражен е целиот тој простор и сега може да се конзервира.

Инаку, овој локалитет кај селото Крупиште во општина Карбинци е познат и по археолошките истражувања на Блага Алексова, пред повеќе од четири децении. Академик Алексова сметала дека од ова место почнала да се шири писменоста, односно дека токму локалитетот Кале бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а неговиот брат Методиј  бил епископ. Во текот на своите истражувања има пронајдено парче од камен на кои се испишани букви од глаголицата, а исти такви предмети пред неколку години имаат пронајдено и штипските археолози.

Штерјов вели дека годинава истражувањата на овој локалитет завршиле пред 20 дена.

Реклама

– Таму се постигнаа солидни резултати. Ја дефиниравме целата концепција, односно целата црква, се истражи мартириумот и така го дефиниравме значи целиот тој простор и се надевам дека понатаму ќе можеме и таа црква да се конзервира, бидејќи мислам дека е единствената црква во Македонија, катедрала каде што е откриена глаголицата – парче камен со глаголицата. Таму стои и митот дека од Светите Петнаесетте Тивериополски маченици се донесени моштите  во оваа црква – рече Штерјов. 

Тој додава дека овој локалитет се поврзува и со цар Душан, односно  во грамотите на цар Душан е забележано и дека во 1355 година двапати одржал состаноци во Крупиште.

Археолошките истражувања на локалитетите Кале кај Крупиште и на Џамлџиски гробишта кај локалитетот Баргала се реализираат преку Програмата на Министерството за култура и туризам.