Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Филипче и Анѓушев биле „искрата“ што го предизвика пожарот во тетовската модуларна болница?

Неадекватна инсталација, поставена од нестручни луѓе, користени се материјали кои се лесно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неадекватна инсталација, поставена од нестручни луѓе, користени се материјали кои се лесно запаливи, премногу кислород, објект кој е пуштен во употреба без било каков градежен план или дозвола, туку со решение слично како за кафеанска маса поставена на тераса – ова се причините за ужасот во модуларната болница во Тетово во кој живи изгореа 14 луѓе. Според последното истражување на ИРЛ на врвот на оваа смртоносна пирамида стојат министерството за здравство и компанијата Брако, олицетворени во тогашниот министер Венко Филипче и екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев. Пропустите, случајно или не, почнале уште при отварањето на тендерот, а завршуваат со судско-обвинителска фарса.

Истражувањето, кое е само потврда на серијата прилози емитувани на Алфа телевизија во изминатите години, води кон заклучокот дека одговорснот за смртта на 14-те луѓе треба да се бара и кај виоските владини функционери.

Првите проспусти се во самиот тендер,кој го распишал Филипче а го добила брако на Анѓушев модуларните болници воопшто не се градени како засебни објекти, туку на делови, со што била заобиколена законската процедура за безбедност. Па така модулрната болница била пуштена во употреба без било каква градежна дозвола, туку со обично решение каккво што е потребгно за постаљвување маси на тераса на некоја кафеана.

Реклама

Брако на Анѓушев користеле материјали кој брзо избувнуваат во пожар, струјната инсталација била несоодветна и поставена од луѓе во Брако, наместо од стручни електро-инженери, а целиот објект бил вклучен во системот од вработените во болницата. Според првото вештачење, правено од електро-инженер, а по налог на обвинителоството, стои дека модулрната болница воопшто не смеела да биде ставена под напон, односно приклучена на системот за струја.

Во второто вештачење, кое е правено од германски експерти, како причина за брзото и бурно ширење на пожарот кој е всушност причината за тоа што толку луѓе загинаа.

Првата причина е присуството на големата количина на кислород во комбинација со пур панелите од кои била изградена. Втрата е отсуството на противпожарни прегради кои имале обврска да бидат вградени, согласно стандардите за безбедност.И третата, отворена конструкција на градбата каде штетниот гас можел непречено да се меша со кислородот и да се поршири насекаде за многу брзо време”  – се вели во извештајот од германските форензичари.

Како што е познато, целиот случај доби само еден епилог со две условни казни за екс-директорите на тетовската болница Бесими и Етеми кои ќе лежат затвор од една ипол година само доколку во следните три не сторат ново кривично дело. А ослободен од обвинение беше докторот Бобан Вучевски кој беше обвинет за „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“.

Додека пак, нема информации дали воопшто има или ќе има истрага против компанијата на Кочо Анѓушев или ќе се бара кривична одговорност од тогашниот министер Венко Филипче.

Како што е познато, веднаш по овој трагичен настан, за „виновен“ беше прогласен продолжен кабел кој се користел во модуларната болница.

Ања Лукарова