Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

Иран тврди дека нема да напаѓа сè додека Америка се воздржува

Иран тврди дека нема да напаѓа сè додека Америка се воздржува. Иран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран тврди дека нема да напаѓа сè додека Америка се воздржува. Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото. До ова доаѓа откако САД ја паузираа кампањата на бомбардирање бидејќи советниците на претседателот Доналд Трамп го предупредиле дека снемува цели и изразиле загриженост поради трошењето на американскиот арсенал.

По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот, а ниту во саботата ниту во неделата не беа регистрирани нови американски удари. Иран, кој по секоја ноќ американски напади возвраќаше со удари врз соседните земји во кои има американски бази, исто така два дена не извршил напад.

Иранскиот функционер, кој побарал да остане анонимен, изјави дека ставот на Техеран и натаму е „напад за напад“.

Реклама

– Ако нападите запрат, Иран исто така ќе ги запре своите операции. Таа порака веќе им е пренесена на САД – рече тој.

Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, за „Фокс њуз сандеј“ и за други американски медиуми изјави дека Трамп одлучил да ги паузира нападите за да ѝ даде повеќе време на дипломатијата.

– Тој им дава простор на разговорите, им остава малку простор – рече Волц, без да наведе дополнителни детали.