Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче

На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје.
 
Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во спортот.
 
На теренот излегоа две екипи на кошаркари во колички. Играчите на теренот покажаа дека страста кон играта и тимскиот дух се заеднички јазик што ги надминува сите бариери.
 
Присутните имаа можност да научат повеќе за правилата на кошарката во колички, за техничките вештини како водење на топка и шутирање, како и за специфичните физички предизвици со кои се соочуваат спортистите.

Во рамките на настанот, директорката на Националната агенција Ана Михајлов, градоначалникот на Општина Аеродорм, Дејан Митески и евроамбасадорот Михалис Рокас остварија средба со кошаркарите и останатите учесници, давајќи директна поддршка на оваа иницијатива која ја промовира социјалната кохезија. Низ разговор, учесниците ги споделија своите лични искуства, предизвици и придобивките што спортот ги носи во нивните животи.
 
Овој настан е дел од заложбите на Националната агенција за градење на поинклузивно општество, каде што секој поединец, без оглед на своите можности, е охрабрен да биде активен учесник во јавниот и спортскиот живот.са/