Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Илиевски: Случајот со синот на Џафери е криминал, а документот е фалсификат

Повеќе од очигледно е дека положениот правосуден испит на синот на спикерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од очигледно е дека положениот правосуден испит на синот на спикерот Талат Џафери, Барлет Џафери е фалсификат. Невозможно е да ги нема документите со кои помладиот Џафери се стекнал со звање од траен карактер, коментира за Алфа, поранешниот инспектор Ѓорѓи Илиевски. Тој е дециден дека за ваков пропуст одговорност мора да има.

  • Ова е фалсификат. Организиран фалсификат и криминал. И не е точно, не е точно дека ги нема документите. Таа т.н. тетратка, тој документ е од траен карактер. Не е за една година. Тука е криминалот. Тука е криминалот и на министерот Јашари кој што ако сме нормална држава како што не сме, тогаш обавезно требал да сноси одговорност. Не касно и сега да се сноси одговорност да се знае што се случува и како се случува“ коментира за Алфа, поненешниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски.

Од друга страна, според Илиевски, судир на интереси има и во Антикорупциската комисија која работи на случајот, каде еден од членовите, Нури Бајрами е баџанак на Талат Џафери. Како што вели Илиевски, Бајрами морал веднаш да се изземе од предметот.

  • Нури Бајрами е член на Антикорупциската комисија кој што требало да биде изземен, бидејќи тој е банаџак на Талат Џафери. Значи тука имаме судир на интереси. И тоа требало да го има предвид ДКСК, кои тоа го констатира ама не во дадениот случај. И од тука, морам да кажам дека оваа работа е организирана помеѓу Талат Џафери и ДКСК“ вели Илиевски.

Инаку, антикорупционерите неможеа да проверат дали помладиот Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Барлет Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат.

Реклама

Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

Викторија Миткова