Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Изборот на Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал не беше транспарентен

Власта молчи, институциите и правосудството се прават како ништо да не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта молчи, институциите и правосудството се прават како ништо да не се случило, додека јавноста и правната фела вријат. Абази чека до вторник за да седне во фотелјата и по се нема намера да се откаже и покрај политичкиот товарот што го носи како личност, но и скандалозниот начин на кој беше избран. Експертите предупредуваат, кога тогаш некој ќе сноси одговорност, не само политичка туку и казнена.

  • „На новоизбраниот обвинител во ОЈО-ГОКК само тоа му препорачувам. Не знам како е избран, што е избран. Доследно да се држи до законот. Доаѓа време на одговорност, не само политичка туку и казнена, на се повисоки скалила на вршење на функционери“, додаде Камбовски.

Критериумите за избор на шеф на Обвинителството за организиран, вели академик Камбовски, треба да се развијат, законот да се допрецизира, пред сѐ ако се процени ова искуство како негативно. Политизацијата на институциите мора да запре.

  • „Човекот што е избран, законито, совесно да си ја врши својата функција. Сите институции во народниот период ќе бидат сериозно опсервиразни дали работат согласно закон. Треба да се разбере дека конечно доаѓа крајот на бесот на политичките партии и аргантноста, наметнување на кадри без критериуми на квалитет. Да не зборувам за се она што значи партизација. На партизацијата на институциите доаѓа крајот. Со отворањето на преговорите на членство во ЕУ, тој крај доаѓа“, порача Камбовски.

Самиот начин како е избран Абази е полно со пропусти, од нетранспарентност до сомневања за политичко влијание.

Реклама
  • „Блупринт групата забележува дека имаше пропусти во текот на постапката за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК. Имено, процесот на избор беше недоволно транспарентен, па за четирите кандидати недостасуваа податоци за професионалната кариера. Јавноста, а посебно стручната јавност, немаше можност да се запознае со предлог програмата на кандидатите што би влеало доверба во процесот, а би влијаело на доверба во институцијата. Ова е особено важно ако се земе предвид дека станува збор за Обвинител кој ќе раководи со Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чии постапки се од висок интерес за јавноста, медиумски се експонирани и значително влијаат врз формирањето на мислењето и довербата на јавноста во обвинителството и судството во целина“, велат од Блупринт групата за реформи во правосудството.

Како што објави Алфа, новиот избран раководите на Органзиран е зет на екс директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини, кој е вклучен во истрагата на ОЈОГОКК, за пропустите на надлежните институции во несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Еден ден претходно, Алфа објави фотографија на Абази со братот на лидерот на ДУИ, Фикри Ахмети. Само два часа порано во првата изјава за медимите обвинителот тврдеше дека нема комуникација со никој од партијата на Интегративците а со нивниот лидер можеби некогаш се сретнале, но, не го познава. Од друга страна, професори по правни науки и адвоки реагираа дека обвинители гласале без да видат никаква програма или воопшто да го видат Абази, што е скандалозно. Тие дури направија паралела со изборот на екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, која заврши неславно во затвор.

Викторија Миткова