Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Избори во ДУИ: Еден член, еден глас, но само ако тој глас е за човекот на Ахмети

ДУИ избра нови 14 претседатели во општинските ограноци, и целосно ги исфрлија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ избра нови 14 претседатели во општинските ограноци, и целосно ги исфрлија од игра фркационерите од локалните партиски функции. Новиот модел на избори кај интегративците еден член, еден глас, Ахмети го најави како демократски, додека пак фракцијата обвинува дека изборите се наместени.

Предводникот на фракцијата Изет Меџити вели дека целиот изборен процес во партијата бил нестатутарен и организиран под диктат. Еден член, еден глас, не постои во Статутот на партијата, вели Меџити, кој посочи дека по овие избори сите опции биле на маса, дури и да формираат ново политичко движење.

Дека изборите не биле фер, вели и аналитичарот Фејзи Хајдари, кој посочува дека внатрепартиските избори во ДУИ се покажале дека се најобична фарса. Хајдари, како што рече, смета дека со овие избори одржани вчера Ахмети покажува дека ги чува старите кадри кои пред да почнат да се бават со политика немале ни денар, за сега да уживаат во скапи имоти, автомобили.

Реклама

Само за пример ќе земам Куманово, каде за против кандидатот на сега веќе избраниот претседател имаше толку масовност што ни за парламентарни избори немало, а сепак ги изгуби изборите, односно ги доби изборите миленикот на Али Ахмети. Сметам дека и самиот Ахмети е свесен дека не може да ја реформира партијата, мислам дека токму и заради ова огнената група наскоро ќе ја напушти оваа партија. Само корумпираните кадри кои станаа милионери можат се’уште мирно да бидат дел од оваа партија, токму овие партиски кадри веќе почнаа да стануваат дел на црната листа, вели Фејзи Хајдари – аналитичар.

За Алберт Муслиу изборите покажале дека е тешко некој што не близок со високите раководни функции во партијата да се пробие.

Таму сега се гласа, се избораат новите раководители, претседатели по системот еден член еден глас, што мислам дека е врвно во целиот тој процес и тоа треба сите да го прават. Не верувам дека и во минатото се случувало да некој тежок противник на лидершипот не само на Ахмети, туку и на централното претседателство успевал да се пробие во тие високи структури на партијата, ова го гледам како продолжување на внатрепартискиот наратив на фракцијата и партијата, вели Алберт Муслиу – аналитичар.

Вчера се гласаше за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноците, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците: Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шутка и Велес. Меџити го загуби Чаир, и сега на негово место доаѓа Беким Незири, поранешен министер, директор на ПИОМ, а сега бизнисмен. Инаку, фракционерите не учествуваа на изборите.