Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ЗНАМ почнува караван низ државата под мотото „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“

Во Скопје денеска се одржа панел-дискусијата „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска се одржа панел-дискусијата „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, со која Движење ЗНАМ – За наша Македонија го започнува планираниот караван низ државата.

Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, изјави дека до крајот на јули ќе бидат посетени осум градови, а до крајот на годината активностите ќе опфатат цела држава.

– До крајот на месецот јули ќе посетиме осум градови во државата, а целиот план, стратегија на партијата за отчет пред граѓаните и нивно дополнително информирање за улогата на ЗНАМ во општеството и нашиот учинок во Владата – ќе го реализираме до крајот на годината на територија на целата држава. Имаме намера, под мотото „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, да ги посетиме сите градови, сите села, сите населени места, отворено да разговараме со нашите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност – рече Димитриевски. 

Реклама

​Целта на овој караван е, како што додаде, да бидат присутни помеѓу граѓаните, да ги слушаат нивните сугестии, да ги информираат за нивните активности во ресорните министерства, за активностите на сите нивни – околу педесетина функционери коишто се во редовите на првиот, вториот и третиот ешалон на власта и секако, како што додаде – да добиваат нови идеи и предлози, забелешки, сугестии и критики од граѓаните, сè со цел да бидат поблиску до нив.

​- Затоа, денеска тргнуваме овде во Скопје, а веќе утре во Куманово, во исто време – 12:30 часот и во континуитет до крајот на месецот јули. Ќе направиме еден месец пауза во месецот август и потоа повторно ќе продолжиме со нашите активности – појасни Димитриевски, кој одговараше и на новинарски прашања околу најавената реконструкција на Владата.