Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ЗНАМ: Популизмот не може да биде замена за одговорно управување со Општина Центар

Советниците од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вчера  ја поддржаа Одлуката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вчера  ја поддржаа Одлуката за донесување на Правилникот за еднократна парична помош за граѓаните погодени од неодамнешното невреме, затоа што сметаме дека во вакви ситуации граѓаните не смеат да бидат жртви на политички препукувања, се наведува во партиското соопштение.

Поддршката на оваа мерка, сепак, не значи и премолчување на сериозните правни недостатоци што ги содржи правилникот.

Во текот на расправата укажавме дека:

Реклама

* не е предвиден рок во кој Комисијата мора да одлучи по поднесените
барања;
* не е утврден рок во кој граѓаните ќе ги добијат средствата;
* не е утврден вкупниот износ на средства што Општина Центар ќе ги
обезбеди за оваа намена;
* како критериум е предвиден „социјалниот статус“ на граѓаните, без
јасно утврдени правила и критериуми, што остава простор за дискреционо и
нееднакво постапување.

Ниту една од овие забелешки не беше прифатена.

Дополнително, предложивме да се обезбеди еднократна помош и за граѓаните чии возила беа оштетени од паднати фасади, кровови и други објекти, а немаат осигурување. И овој предлог беше одбиен.

Наместо да се прифатат предлози со кои правилникот ќе биде поправеден, потранспарентен и со правна сигурност, веднаш по завршувањето на седницата следуваше нова ПР-акција. Градоначалникот најави дека ќе донира лични средства и ги повика и советниците да го сторат истото.

Личната донација е добредојдена и секој што сака да помогне заслужува почит. Но, кога градоначалникот треба лично да ја демонстрира својата хуманост за да ги надомести слабостите на институцијата што ја раководи, тогаш тоа не е системско решение – тоа е популизам.

Граѓаните не го избрале градоначалникот да биде донатор. Го избрале да управува со Општината, да носи квалитетни и правно издржани акти, да обезбеди доволно средства во буџетот, да постави јасни правила што важат еднакво за сите и да обезбеди контрола, редовно одржување и превенција, за фасадите и крововите да не претставуваат опасност за граѓаните и
нивниот имот.

Во исто време, во Буџетот на Општина Центар се предвидени околу 1.840.000 денари за прославата на Денот на Општината. Оттука, сосема оправдано се поставува прашањето: ако има средства за прослави, зошто нема системски обезбедена помош за сите оштетени граѓани?

Ги повикуваме и градежните компании кои со години градат во Општина Центар, остваруваат значителни приходи и директно придонесуваат за развојот на општината, да покажат општествена одговорност и да донираат средства за оштетените граѓани.

По пет години локална власт, на Општина Центар не и се потребни ПР-акции, фотографии и лични донации. Потребна и е одговорна локална власт што ќе носи системски решенија и ќе ги става интересите на граѓаните пред политичкиот маркетинг.